Кога ќе го земете предвид бројот на интригантни иновации, станува доста возбудливо да се живее во ова време. Се разбира, планетата ја тресат војни и страдања, но сепак има луѓе со добро срце и се случуваат и позитивни нешта исто така.

Сѐ е во перцепцијата и како вие одбирате да гледате на тој контраст. Ако ви треба причина денес да се чувствувате живи и возбудени, не барајте повеќе, бидејќи овој чудесен спортски автомобил се движи, верувале или не, на солена вода.

Во 2014 година, германската компанија Квант го промовираше својот концепт за својот „e-Sportlimousine“ за време на Женевскиот саем на моторни возила 2014 година. Колата со сигурност привлече многу погледи и заинтригира многу умови, но луѓето беа доста скептични во врска со намерите на компанијата, сѐ до март 2015 година, кога Квант ја промовираше и својата втора верзија, наречена „Quant F“.

kl

Супер-модерниот и отмен дизајн на автомобилот го прави супер-конкурентен со спортските автомобили и електричните автомобили, но има нешто во врска со колата на Квант, што ја издвојува од сите други – вклучително и од „Model S“ на Тесла.

e-Sportlimousine развива брзина од 350 километри на час, што ја изедначува со Мекларен Р1, и со едно полнење поминува растојание од 500 километри, што е многу повеќе од Model S на Тесла. Згора на тоа, технологијата нуди пет пати поголем енергетски капацитет од литиум-јонски батерии со иста тежина.

Според Дискавери, солената вода се употребува повеќе како складишен медиум, отколку како гориво. Со четири електрични мотори и два резервоари за вода од 190 литри, автомобилот се напојува со јонска течност за електрично полнење – солена вода – за да се чува енергија. Ова ја подобрува ефикасноста и овозможува минување на поголемо растојание од конвенционалните автомобилски електрични батерии. Солената вода минува низ мембрана помеѓу двата резервоари, создавајќи електрично полнење. Електрицитетот потоа се складира и дистрибуира со помош на супер кондензатори. Четирите електрични мотори во автомобилот потоа се придвижуваат со добиената електрична енергија.

Се смета дека ваквите „течни батерии“ се побезбедни, полесни и полесно се полнат од литиум-јонските. А оваа технологија не се ограничува само на автомобилите. Минатиот септември беше одобрено автомобилите на Кварт да се тестираат на јавните патишта. Со ова, на компанијата ѝ се дава зелено светло за масовно производство на автомобилот, иако досега не е најавен точен датум за отпчнувањето на истото.

Сепак, покрај некои други недостатоци кои се истакнуваат, сепак вреди дека и цената на овие супер автомобили ќе биде многу солена – 1.7 милиони долари, во споредба со автомобилот на Тесла чијашто цена се движи од 70.000 до 95.000 долари.

Сподели на Facebook
пати видено