Судијата прашува маж зошто сака развод.
– Па како да ви кажам … Абе, не можам да спијам со оваа жена!
– Па, ајде сега ќе се инаетиме! Целиот град може, тој не можел…
– – – – – – –
– Кој маж ќе биде задоволен: Тој со 5 деца или тој со 5 милиони долари?
– Тој со 5 деца!
– Зошто?
– Затоа што тој со 5 милиони сака уште!
– – – – – – –
– Ти си ми прв…
– Навистина?
– За 2016…
– – – – – – –
Маж ја прашува жената:
– Зошто не ми кажуваш кога имаш оргазам?
– Па нели не сакаше да ти се јавувам, додека си на работа?
– – – – – – –
– Зошто Сашо започна да пелтечи по свадбата?
– Бабата била тризначка, а кутриот не знаеше и откако виде три баби… почна да пелтечи.
– – – – – – –
Крајно време е на фотографиите да има етикети како на облеката. На пример: 30% природно, 70% Фотошоп…
– – – – – – –
Таткото го седнува малиот Зоки Поки да му објасни некои работи:
– Зоки, ти веќе порасна и треба да знаеш дека нема Дедо Мраз, всушност тоа сум јас…
– Знам, тато, знам. Ти си и штркот…
– – – – – – –
– Келнер! Може ли да си нарачам некој африкански деликатес?
– Вода?
– – – – – – –
Ако програмерите беа лекари, кога некој пациент ќе им се пожалеше „Ме боли ногата“, тие ќе му одговореа „Имам иста таква нога и ништо не и е“.
– – – – – – –
Лежат во кревет Црвенкапа и волкот. Црвенкапа пали цигара и правејќи кругови од чадот промрморува:
– Ама и јас сум многу глупа што верувам на бабини деветини! Ме прелажа ти со овој голем нос, со големите уши, а тоа?
– – – – – – –
Акцијата „Не го јади, за Нова Година е!“ заврши. Сега почнува другата – „Јади го, ќе се расипе!“
– – – – – – –
На плажа се шета маж со фотоапарат. Кон него трча жена:
– Ве молам, господине! Дојдете побрзо! Мојата ќерка се дави!
– Жалам, но батеријата ми се потроши…
– – – – – – –
Маж и жена се караат:
– Подобро да се омажев за самиот ѓавол!!!
– Е тоа не е возможно, браковите меѓу блиски роднини се забранети…
– – – – – – –
Неколку години откако еден маж останал вдовец се оженил со сестрата на неговата поранешна сопруга. Вака тој ја објаснува својата постапка:
– Не треба човек на моја возраст да навикнува на нова баба.
– – – – – – –
Натпис во машко WC:
– Еден мал чекор напред е голем чекор кон цивилизирано општество.
————-