Секој сака да го сметаат за умен. Сите ние се сметаме за генијалци на свој начин, а можеби некои од вас и навистина се. Но, колку што луѓето сакаат да ги сметаат за генијалци, ито толку мразат и да им посочуваат кога ќе погрешат. Егото навистина не може да поднеше таков удар. Немојте да се чувствувате лошо поради тоа, бидејќи некои од најголемите умови во светот направиле некои прилично смели предвидувања за иднината кои се покажале како целосно погрешни.
1. „Како, господине, би можеле да направите брод кој би пловел спроти ветрот и струите така што ќе запалите клада под неговата палуба? Ве молам, извинете ме, немам време да слушам вакви глупости.“ – Наполеон Бонапарта
2. „Летачките машини се невозможни“ – Лорд Келвин
3. „Бежичната музичка кутија нема реална комерцијална вредност.“ – соработници на Дејвид Сарноф кога тој во 1921 предложил инвестирање во радиото.
4. „Киното е едвај нешто повеќе од минлива мода“ – Чарли Чаплин
5. „Практично нема шанса вселенски комуникациски сателити да бидат употребени за подобра телефонска, телеграфска, телевизиска и радио услуга во САД“ – Т. Крејвен од Федералната комисија за комуникации на САД
6. „Кога ќе заврши изложбата во Париз, електричното осветлување ќе се затвори со неа, и никој повеќе нема да слушне за него“ – Еразмус Вилсон, професор на Оксфорд
7. „Плеткањето со наизменичната струја е само губење на време. Никој нема да ја користи, никогаш.“- Томас Едисон
8. „Никогаш нема да направиме 32-битен оперативен систем“ – Бил Гејтс
9. „Никогаш нема да се направи поголем авион“ – инженер на Боинг откако направиле авион во кој можеле да патуваат десет луѓе.
10. „Нема ни најмал показател дека некогаш ќе можеме да се здобиеме со нуклеарна енергија“ – Алберт Ајнштајн.
11. „Морам да признаам дека мојата имагинација одбива да види било каква подморница да прави нешто друго, освен да го задуши својот екипаж и да потоне во морето“ – Х. Џ. Велс.
12. „Правосмукалките на нуклеарна енергија ќе бидат реалност веројатно за десет години“ – Алекс Левит, претседател на компанијата за правосмукалски „Левит“
13. „Американците имаат потреба за телефон, но ние немаме.“ – Сер Вилијам Прис
14. „Не постои никаква причина поради која некој би сакал компјутер во својот дом“ – Кен Олсон, основач на „Digital Equipment Corp“
15. „Енергијата произведена со разбивањето на атомот е незначителна“ – Ернест Рутерфорд