Новата компанија за вселенски туризам на Ричард Бренсон следниот месец ќе го промовира својот најнов Вселенски Брод 2, кој еден ден ќе понесе патници во вселената. Неговото деби е закажано за 19. февруари во Вселенското и воздушното пристаниште во Мохаве, Калифорнија.

вс

Претходниот Вселенски Брод 2 беше загубен, а еден од пилотите загина во несреќа во октомври 2014 година, кога уникатниот систем за приземјување беше активиран предвреме за време на пробен лет.

На промоцијата се поканети повеќе познати имиња, меѓу кои и Стивен Хокинг, кој ќе биде патник на првиот комерцијален лет на компанијата. Но, со оглед на неговото здравје, прашање е дали ќе успее во тоа.

„Сите ние на Стивен му посакуваме сѐ најдобро во неговото закрепнување од последните здравствени проблеми“, велат од Вирџин Галактик. „Почестени сме од тоа што Стивен се согласи да ни помогне да го промовираме новиот вселенски брод во февруари, под услов да се чувствува доволно добро.“

Сподели на Facebook
пати видено