Писателот Логан Стреонџ го пресметал времето кога роботите ќе ги надминат луѓето по бројност. Замислата за иднина превземена од интелегентни машини сѐ уште изгледа како заплет од научно-фантастичен филм, но што ако такво нешто навистина се случи? Стреонџ, кој во моментот работи на нов научно-фантастичен роман, решил да открие колку ќе им треба на роботите да станат побројни од луѓето. За да го стори ова, тој ја споредил стапката на природен прираст кај луѓето со бројот на роботи кои секоја година се прават и растураат.

„Додека според Светската книга на факти хомо сапиенсот во просек живее седумдесет години, роботите имаат животен век од десеттина години, па така нивното производство би морало да биде седум пати поголемо со цел да се постигне истата бројност како кај луѓето.“

рб

Неговите наоди велат дека роботите ќе станат надбројни некаде околу 2040 година. Стреонџ отишол и чекор понатаму, пресметувајќи кога роботите за првпат би можеле да предизвикаат конфликт со човештвото (ако се претпостави дека роботската интелегенција ќе се зголемува).

„Интуитивно тоа би можело да се случи тогаш кога ќе има ист или поголем број на роботи од бројот на луѓе на планетата, при што до тогаш би можело да има доволно интелегентни роботи кои ќе побараат место само за нив“, вели тој. „Најверојатната временска рамка за ваков конфликт е некаде помеѓу 2040 и 2050 година.“ смета тој.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено