Ова е бизарниот момент кога наводно НЛО влетало во вител од облаци и исчезнало во воздухот. Мистериозната снимка била направена на небото над Големиот хадронски судирач – комплексен судирач на честички при лабораторијата ЦЕРН во близина на Женева, Швајцарија. Видео клипот предизвика бројни полемики помеѓу корисниците на сајтот, при што некои сметаат дека се работи за визуелни ефекти, за што пак некои сметаа дека и најмоќните компјутери не можат да генерираат такви визуелни ефекти.
Изграден од Европската Организација за Нуклеарно Истражување (ЦЕРН) во периодот 1998-2008, големиот хадронски судирач е најголемиот и најмоќниот судирач на честички во светот. ГХС им овозможува на физичарите да судираат честички со брзина блиска до брзината на светлината. Со помош на него во 2012 година е откриен Хигсовиот бозон, или т.н. Божја честичка. Со ова се надева дека ќе се разбере како настанал универзумот.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.