Европската вселенска агенција верува дека во текот на следните четиринаесет години луѓето ќе почнат да живеат на месечината. Кога станува збор за следната генерација на вселенски патувања, се чини дека повеќето луѓе зборуваат само за Марс. НАСА особено е сосредоточена на целта за испраќање луѓе на црвената планета и научниците работат на развојот на технологиите за постигнување на таа цел.
Но, Марс не е единствената цел вредна за стремеж -има уште една, многу поблиска до нас. И покрај тоа што на месечината веќе стапнала човечка нога пред неколку децении, таа сепак сѐ уште не е освоена, а е совршено место за поставување на база и дознавање повеќе за можноста за живот и работа на другите светови.
Оваа седмица Европската вселенска агенција откри планови за употребата на роботиката и 3D печатењето за да се постави база на месечината најдоцна до 2030 година. Од агенцијата веруваат дека за конструкцијата на истата ќе бидат потребни најмногу до три месеци, по што базата ќе може да биде живеалиште на четири астронаути.
На следното видео ќе можете да видите повеќе детали за изведувањето на тој проект.