„Крал на камерата – фотограф минува десет години сликајќи неверојатни сепиа портрети на големи мачки“ – под ваков наслов се објавени серија фотографии на Горан Анастасовски, фотограф од Македонија, кој десет години ги сликал дивите мачки во зоолошката градина во Скопје.
„Ги обожувам големите мачки и сум фасциниран од нивната убавина“, изјавил Анастасовски. „Ги направив овие фотографии за да им покажам на луѓето дека овие мачки го имаат сето она што ние толку очајно го посакуваме – како на пример љубов, храброст, искреност и лојалност. Мојата цел е на луѓето да им ја претставам убавината и карактерот на големите мачки. Тие се загрозени животни и треба да се сакаат, а не да се убиваат.“
На сликите на Анастасовски се прикажани леопарди, лавови и тигри во изненадувачки релаксирани пози, при што многу од нив споделуваат интимни мигови со нивните придружници – пишува Дејли Мејл.
„Често ги посетувам и мислам дека многу добро ме познаваат. Интересно е тоа што и после сите овие години тие се обидуваат да ме изедат кога ќе ги видат фотографските леќи“, раскажува Анастасовски.
Уживајте во убавината на фотографиите на македонскиот крал на камерата.
Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете и своја смешна слика или видео и учествувајте во Награданта игра.