Почнувајќи од 1964г. Националниот историски музеј во Лондон организира годишен натпревар за Фотограф на дивиот свет на годината. Оваа година победникот на натпреварот за Млад фотограф на дивиот свет на годината, во кој се натпреваруваат млади фотографи до 17-годишна возраст, е деветгодишниот Карлос Перез Навал од Шпанија.
Родителите на Карлос се неуморни патници и на нивните патувања насекаде околу светот секогаш го водат и нивниот син. Кога имал четири години започнал да фотографира сѐ што ќе види – на почетокот со мала компактна камера, а сега веќе со професионална опрема. Се снабдува со поголеми леќи секогаш кога патува во странство.
Карлос не мора да патува во далечни земји за да слика убави фотографии – за време на училишната година, флората и фауната во неговата градина и околината на неговиот роден град Теруел не можат да избегаат од кликањата на неговата камера.
„Жило на сонце“ – победничка фотографија за 2014
Војвотката од Кембриџ му ја врачува наградата на Карлос