Фонтус е систем за автоматско полнење на вода дизајниран од Кристоф Ретезар, кој влагата во воздухот ја претвора во безбедна вода за пиење. Изумот е идеален за велосипедистите кои тргнале на долг пат. Ретезар вели: „После повеќе од 30 експерименти, најпосле успеав да обезбедам постојано капење на кондензирана вода, по една капка во минута.“ Во соодветни климатски услови, Фонтус лесно може да произведе половина литар вода за само еден час.