Не е тајна дека Кина има голем проблем со загадувањето. Но, наместо нештата да се движат во подобра насока, сите знаци посочуваат дека проблемот со загадувањето во Кина станува сѐ полош. И не се работи само за големите градови како Шангај и Пекинг. Секој поголем град во Кина има проблеми со квалитетот на воздухот. Еден од најлошите случаи е Нанџинг. Пред некој ден неговите жители се зачудиле кога виделе дека сѐ околу нив наеднаш станало розово. Но, се разбира дека не биле многу воодушевени од тоа.
Бизарниот настан се случил доцна навечер на 30. декември, 2015 година.
Официјалните претставници побрзале да откријат што се случува. Утврдиле дека квалитетот на воздухот во нивниот град ненадејно го надминал степенот на загадување во Пекинг.
Иако розовата боја можеби била шок, всушност се работи само за ефект на зајдисонце врз ужасно многу загадениот Нанџинг.
Но, не сите истражувачи се задоволуваат со ова објаснување. Некои веруваат дека розовата боја можеби е предизвикана од нова вид на честички смог. Се разбира, за да се потврди нивната хипотеза, ќе бидат потребни повеќе тестирања.