Во една македонска фабрика требало да дојде висока делегација од странство и директорот ги собрал вработените да им каже како да се однесуваат:
– Утре, кога ќе бидат тука странците, никој не смее да пцуе. Наместо пцовка, едноставно речете „не си во право“.
Наредниот ден дошла делегацијата, работниците мудро си молчат… Во еден момент една цевка паѓа од високо право на нозете на еден од работниците.
Работникот погледнува нагоре и извикува:
– Кироооо, абе не си во право! И мајка ти не е во право, и тетка ти, и баба ти, и целиот твој род до деветто колено не е во право!!!