Анџела Клејтон е осумнаесетгодишна дизајнерка на костуми од Лонг Ајленд, Њујорк. Прв пат почнала да шие пред три години кога се заинстересирала за уметноста наречена косплеј (уметност во којашто учесниците носат костуми и модни додатоци со цел да прикажат некој лик). Сега таа поретко учествува на настани и повеќе се сосредоточува на оригинални дизајни. нејзините проекти ѝ одземаат и до 250 часа од нејзиното време, а за еден костум ѝ се потребни во просек до единаесет метри ткаенина.
„Се надевам дека од ова ќе произлезе идна кариера за мене“, вели Клејтон. „Сакам да правам костуми и сакам да оживувам идеи. Кога тоа би можела да го правам за модната индустрија, особено за театар или филм, тоа би било чудесно…Попрво би сакала веднаш да се впуштам во тоа отколку да минам четири години на училиште.“