Од сообраќајни згоди и незгоди, па до ѕверови на тркала. Еве што беше најпопуларно од категоријата Авто-мото во 2015.
Јако: Си направи супер автомобил од стара кола само со помош на пур пена!
Човек од Литванија го шокираше интернет светот кога со стара школка од Мерцедес Бенз направи луксузен супер автомобил. И не употребил пластика, алуминиум ниту било каков друг метал, туку избрал – пур пена! Пената која ја искористил се стврднува брзо во лесен и густ материјал кој потоа лесно се обликува. Резултатот? Проценете сами!
Среќниот сопственик на 30 години стар мерцедес што никогаш не го возел
Германецот Лeoнaрд Шпеер во 1985 година си купил нов Mercedes-Benz 240D серија W123, но од различни причини никогаш не го користел автомобилот. Денес на километражата на автомобилот може да се прочита дека има поминато само 30 километри. Што мислите колку вреди денес неговиот Мерцедес?
Фоторепортажа од фабриката на Порше во Лајпциг, една од најсовремените фабрики за автомобили во светот
Модернизираната фабрика на Порше во Лајпциг, Германија се подготвува да ја прослави првата годишнина од почетокот на производството на новиот кросовер Макан. Фабриката е изградена во 2002 година, но за новиот модел требаше да се изгради нов погон и да се инсталира нова опрема, процес кој тареше цели 2 години. Уживајте во фоторепортажата во продолжение.
Временска капсула: Јамаха од 1985 со 0 поминати километри (12 фото + видео)
Ова богатство на две тркала случајно беше пронајдено во складот на еден продажен салон на Јамаха во Брисбејн, Австралија. Моќниот спортски мотор цели 30 години стоел во оригиналното пакување. Бидејќи се работи за редок примерок…
Најспорното претекнување: По правилата е или не?
На секој возач со добра километража му се има случено ваква ситуација, кога ќе започнете да претекнувате камион на испрекината линија, но додека да го претекнете, почнува полната линија, но возачот не знае за тоа затоа што знакот е покриен од камионот, како што е прикажано на сликите.
Повелете на дискусија.
Што ќе се случи ако ставите погрешно гориво во колата? Бензин во дизел кола или обтарно?
Човеков купи две коли на старо и на празен резервоар им стави по 5 литри погрешно гориво, за да тестира што ќе се случи. Иако многу механичари ќе ви препорачаат да замените куп делови од системот за гориво, сепак гледајте го ова и проценете сами дали треба или е доволно само да наполните правилно гориво […]