Во книгата „Сѐ да застане на Занзибар“ (Stand on Zanzibar) од авторот Џон Бранер напишана во 1969 година се пишува за тоа каков ќе биде животот во 2010 г. Се работи за утописки роман со измислени настани, но откако ќе ја прочитате, ќе воочите некои навистина неверојатни совпаѓања.

Европа го воведува еврото

kn01

Во книгата, Европа формира унија за да ја заштити и унапреди финансиската стабилност на европските земји

Хонда станува лидер во производството на електрични автомобили

kn02

Ова не звучи како нешто неверојатно денес, но во 1969 година Хонда била компанија за производство на моторцикли.

Електронска денс музика

kn03

Бранер предвидел дека електронската музика ќе превагне на мејнстрим радио станиците. И не е многу далеку од тоа.

Производството на тутун постепено ќе замре

kn04

Поради бројните ризици по здравјето предизвикани од тутунските производи, со текот на времето производството на тутун ќе замре.

Марихуаната станува легална

kn05

Со исфрлањето на тутунот од употреба, тревата влегува во општеството и станува легална.

Детроит е во рушевини

kn06

Бранер предвидува дека неговиот роден Детроит ќе колабира финансиски и ќе биде напуштен.

Училишни престрелки

kn07

Иако не предвидел каде точно, Бранер исто така предвидел дека ќе се случат непредизвикани чинови на насилство во училиштата кои ќе бидат сѐ почести по 2010.

FaceTime

kn08

Во книгата се опишува како луѓето комуницираат преку екрани преку кои можат да се повикуваат едни со други. Ви звучи познато?

Вијагра

kn09

Рекламирањето на производи за подобрување на сексуалниот живот е уште едно од предвидувањата кои Бранер ги направил во неговата книга.

Геј и лезбиските врски се широко распространети

kn10

Бранер исто така предвидел дека во иднината геј и лезбиските парови ќе бидат сѐ почеста и општествено прифатена појава.

Гледање на филмови во авион

kn11

Во книгата се предвидува и дека луѓето ќе можат да гледаат филмови и ТВ емисии за време на нивните авионски патувања.

Претседателот Обама

kn12

Верувале или не, во романот претседателот се вика Обоми, што е застрашувачки слично со името на актуелниот американски претседател избран во 2008 г.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено