Во последно време се појавија повеќе уметници коишто прават минијатури во молив, при што во ситниот графит се длабат минијатурни нешта. Последното дело на Синди Чин од Небраска е особено генијално. Имено, целиот дрводелски молив е претворен во тунел, воз, шини и мост. „Делото е осмислено така што за шините беа употребени прави графитни јадра, врз кои се залепен возот“, споделува Чин. „Локомотивата е висока само 4.76 милиметри. Моливот е долг 14.2 сантиметри и е поставен на дрвена рамка“.