Турските интернет сервери претрпуваат моќен сајбер напад кој ги успорува банкарските трансакции и во Турција се зборува дека тоа е политички мотивиран напад од странство.

Nic.tr, невладина организација којашто ги администрира адресите за веб страниците кои го користат домејнот „tr“ во четвртокот изјави дека се чини дека нападот доаѓа од „организирани извори надвор од Турција“. Тој домејн го употребуваат веб страниците коишто им припаѓаат на турските министерства, комерцијалните претпријатија и банките. Турскиот министер за транспорт и комуникации Бинали Јилдирим ова го нарече „сериозен напад“ и од универзитетот во Анкара побара да ги засили безбедносните мерки, велејќи дека досегашните се недоволни. Банкарските извори велат дека нападот сериозно ги нарушил трансакциите. Експертите не можат да го идентификуваат изворот на нападот.

tr

Некои весници пишуваат дека нападот можеби доаѓа од Русија, како причина наведувајќи ги сериозно нарушените билатерални односи по соборувањето на рускиот борбен авион од страна Турција минатиот месец.

Според други локални медиуми, за ова е виновна хакерската група Анонимус, коишто постирале порака во која велат дека ќе продолжат да ја напаѓаат Турција поради „нејзината поддршка на ИСИС со тоа што ја купува нивната нафта и ги негува повредените борци на терористичката организација“.

Сподели на Facebook
пати видено