Кончета Антико е сликарка од Австралија со ретка здравствено нарушување наречено тетрахроматизам. Повеќето луѓе имаат три вида визуелни рецептори одговорни за восприемање на боите, наречени чунчиња. Луѓето со тетрахромизам имаат и четврт вид на чунчиња што прави боите да ги гледаат во сто пати повеќе нијанси.
Повеќето луѓе можат да гледаат до 1 милион бои, но Кончета Антико и луѓето како неа гледаат до 100 милиони различни бои. Оваа ретка здравствена состојба ја прави нејзината уметност уште повеќе особена, бидејќи нејзините слики на определени места содржат повеќе нијанси коишто обичните луѓе ги восприемаат само како една.
Запознајте ја Кончета Антико, успешна сликарка од Австралија. Тоа што нејзината уметност ја прави уште посебна е реткото нарушување на видот познато како Тетрахроматизам.
Тетрахроматизам е нарушување при кое во окото има уште еден вид на фоторецептори.
Тоа значи дека таа светот го гледа во повеќе нијанси од просечниот човек.
Според проценките, Кончета може да види 100 милиони бои, додека повеќето луѓе можат да видат само 1 милион.
Нејзиниот тетрахроматизам на нејзините дела им дава неверојатна длабочина и живост.
Антико го гледа светот на сосема поинаков начин од обичните луѓе. Тау кадешто ние гледаме само зелено, таа ги гледа сите мали нијанси на зелената боја.
Антико го гледа светот на сосема поинаков начин од обичните луѓе. Тау кадешто ние гледаме само зелено, таа ги гледа сите мали нијанси на зеленото.
Таа активно соработува со научниците кои го проучуваат тетрахроматизмот за да им помогне да се здобијат со подобро разбирање за тоа нарушување.
„Мојот свет ми зборува силно и не можам да се стрпам да го насликам“ – вели Кончита.
„Кажано ми е дека во сенките вие главно гледате сиво. Па, сенките се прекрасни. Во нив гледам смарагно зелени нијанси, магента, лилави, сини…“