Еден човек од Нешвил, Тенеси, САД, ја удрил неговата кола во ѕид обидувајќи се да „влезе во временски портал“. Четириесетгодишникот кој очигледно верувал дека возењето на неговиот Доџ Челинџер во висока брзина ќе му овозможи да скокне во друго време исто како Делорен во „Назад во иднината“ минал без повреди. За среќа не бил повреден никој во зграда, макар што за реновиреањето на продавницата ќе биде потребна значителна работа.

Човекот за кој станува збор, кој не бил под влијание на дрога или алкохол, завршил со казна за небрежно возење и бил пратен на проценка на неговото психичко здравје.

dl

Сподели на Facebook
пати видено