Една палава панда од зоолошка градина во Тајван лажирала дека е бремена за да добие специјален третман. Експертите тврдат дека Јуан Јуан, главната атракција во зоолошката градина во Тајпеј, забележала дека ѝ овозможуваат подобри услови за време на нејзината последна бременост, па решила да се однесува на ист начин. Била преместена да престојува сама во климатизирана просторија и 24-часовна нега, а плус тоа добивала повеќе свежо овошје и трска.

Panda Fakes Pregnancy for Better Living Conditions  Panda Fakes Pregnancy for Better Living Conditions

Единаесетгодишната панд апочнала да покажува знаци на бременост во јуни. Телесните показатели како здебелувањето на нејзината матка и зголемувањето на нивото на прогесторен ги убедило нејзините чувари дека очекува второ младенче. Но, експерти од копнена Кина преку ултра-звук утврдиле дека не е бремена, а знаците на бременост почнале да се враќаат во нормала. Експертите сметаат дека Јуан го поврзала специјалниот третман со бремеоста и почнала да се однесува согласно со тоа.

Panda Fakes Pregnancy for Better Living Conditions

Јуан Јуан заедно со нејзиниот партнер Туан Туан била подарена на Тајван од страна на кинеската влада во 2008 година. Комбинацијата на нивните имиња ја прават реченицата „туан јуан“, којашто на кинески значи „обединување“, со што се испраќа јасна политичка порака на Тајван.

Panda Fakes Pregnancy for Better Living Conditions

Сподели на Facebook
пати видено