Листата „Седум светски чуда на античкиот свет“ била како туристички водич за патниците на Античкиот Свет кои сакале да ги видат најпознатите и најатрактивните дестинации. Но поради земјотреси и пожари, дури 6 од нив се уништени, сите освен Кеопсова пирамида.
Во Грција, сериозно размислува за повторно правење на статуата Колосот од Родос, што била уништена за време на земјотрес во III век пред нашата ера. Новата статуа ќе биде 5 пати поголема од старата и ќе биде со висина од 135 метри. Дизајнот ќе биде малку поразличен од оригиналната статуа, затоа што внатре во неа се планира да се смести музеј, трговски центар, места за забава, како и библиотека. Проектот се проценува на 250 милиони евра, а треба да се изгради за 7 години. Главниот архитект Арис Палас и неговиот тим веруваат дека споменикот ќе биде симбол на порастот на грчката економија и ќе го врати духот на нацијата.