На еден бескрупулозен газда од Велика Британија властите му забраниле да ја издава својата гаража откако се дознало дека брачен пар со шестгодишна ќерка им наплаќал осумстотини фунти (околу 1100 евра) месечно. Службениците реагирале откако исплашеното семејство најпосле се решиле да ги пријават шокантните услови во кои живееле во последните седум месеци.
Службениците од Браунстон Таун, Лестер, по испитувањето увиделе дека двојната гаража изградена пред околу дваесет години поминала низ делумно преуредување, при што била опремена со кујна, бања и спална соба. Но, во неа немало затоплување, била со несоодветна изолација и без аларми за чад, додека вратите и рамките на прозорците почнале да гнијат. При втората посета инспекторите откриле неисправност во електричната инсталација, при што како резултат на тоа престанал да работи бојлерот, и во импровизираниот стан имало само еден исправен приклучок за струја. Сопственикот не ја извадил ни главната врата на гаражата, со што станарите биле лишени од природна светлина, а службениците заклучиле дека при евентуален пожар тие би биле заробени.
Семејството, коешто плаќало 400 фунти во неформален договор, дури немало пристап ни до целата гаража, бидејќи една просторија била употребена како склад. Се работи за емигранти, кои се плашеле што може да им се случи доколку го пријават случајот, па така несовесниот сопственик ја искористил нивната ситуација.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!