Наскоро супермаркетите во Франција ќе мора да ја даруваат непродадената храна којашто го достигнала рокот за продажба, благодарение на неодамнешен предлог поднесен неодамна во француското народно собрание. Според законот, храната ќе мора да се подари во добротверни цели или да се претвори во храна за животни или ѓубриво. Супермаркетите ќе мора да потпишат договори со добротворните организации или ќе се соочат со казни, парични и затворски.

hr01

Легислативата, којашто ги засега продавачите со продажен простор од 400 или повеќе квадратни маркети, им забранува на супермаркетите да ги расипуваат прехранбените производи (често потопувајќи ги во белило или вода) со цел да не можат и понатаму да се дистрибуираат. Исто така ќе му стави крај на системот кој законски ги присилува производителите на храна да уништуваат цели купишта храна поради мал недостаток.

„Денес кога супермаркет како Карфур ќе најде дури и најмал недостаток во сандак со јогурт кој го носи неговиот бред, целата пратка ја враќа назад на производителот, кој законски е должен да ја уништи целата пратка, дури и ако сето тоа е со врвен квалитет“, вели Гијом Гаро, еден од иницијаторите и поддржувачите на легислативата. „Овој закон ќе овозможи производителите да ги подарат овие јогурти во добротворни цели дури без да бараат дозвола од супермаркетите.“

hr02

Приближно 7.1 милиони тони храна се фрлаат во Франција секоја година. Секој поединец придонесува во упропастувањето на 20 до 30 килограми храна годишно, известува француската агенција за управување со природната околина и енергија, додека супермаркетите фрлаат по 20 килограми храна дневно.

Во време кога непотребното фрлање храна во исто време кога цели популации страдаат од глад станува сѐ поголем проблем, новиот закон на Франција поставува светол пример за другите членки на Европската Унија, како и од целиот свет.

Сподели на Facebook
пати видено