На секој возач со добра километража му се има случено ваква ситуација, кога ќе започнете да претекнувате камион на испрекината линија, но додека да го претекнете, почнува полната линија, но возачот не знае за тоа затоа што знакот е покриен од камионот, како што е прикажано на сликите. И како што обично се случува, после ваква ситуација секогаш наидувате на полицаец кој ве запира и сака да ве казни.
Но, дали во случајов има прекршување на правилата, бидејќи возачот не знаел и не можел да знае дека почнува полна линија? Од правна гледна точка, за вакво претекнување возачот не треба да биде казнет.
Повелете на дискусија.