Продолжение…

Кликни овде за првиот дел.

6. Дали Д. Б. Купер избегал на безбедно?

На 24. ноември 1971 година, еден средовечен човек кој носел актовка и себеси се идентификувал како „Ден Купер“ пристапил на одделот за северозападни летови на интернационалниот аеродром во Портленд. Купил билет во еден правец за Сиетл, Вашингтон. Кога авионот се нашол во воздухот, на една од стјуардесите, којашто отпрвин мислела дека ѝ се пушта, ѝ дал белешка во која пишувало дека има бомба. Купер потоа побарал 200.000 долари во необележани банкноти и падобрани. Според изјавите на стјуардесите, Купер бил смирен, прибран и љубезен цело време во текот на киднапирањето.

Откако авионот слетал на аеродромот Сиетл-Такома, ФБИ излегле во пресрест на неговите барања, Боингот 727 бил наполнет со гориво, тој ги ослободил сите патници и на пилотот му наредил да се упати кон Мексико Сити, при што барал авионот да лета со најминималната можна брзина. Некаде помеѓу Сиетл и Рено, Невада, среде луња, Купер наредил да се отворат задните скали и скокнал од задниот дел на авионот од 3000 метри височина и со торба полна со пари. Оттогаш ништо не се слушнало за него.

ms04

Потерница со Д.Б. Купер, издадена од ФБИ

Во една статија на Сиетл Тајмс од 1996 се тврди дека во зградата Џ. Едгар Хувер, ФБИ има досие на Купер дебело 60 томови и дека случајот сѐ уште се води. Во сите тие томови, тие сѐ уште не знаат како е неговото вистинско име, како ни тоа дали го преживеал скокот. Во 1980 година биле најдени 5800 долари од вкупниот откуп до 200.000 долари. Банкнотите од 20 долари во распаѓање биле најдени на плажа на реката Колумбија во Ванкувер, Вашингтон. Што станало со останатите пари останува да се шпекулира. А самиот инцидент останува единствениот нерешен случај на киднапирање на авион во американската историја.

7. Инцидентот Макс Хедрум

На 22. ноември, 1987 година, некој успешно го украл сигналот на двете телевизии WGN-TV и WTTW во Чикаго во траење од три часа. Првиот упад се случил за време на емитувањето на вечерните вести на WGN. Додека прикажувале најдобри моменти од рагби натпревар со Чикашките Мечки, сигналот се изгубил за петнаесет секунди, а кога се вратил, во кадарот бил човек кој носел маска на Макс Хедрум со очила за сонце, застанат пред подвижна метална позадина. Немало звук, а упадот бил запрен кога инженерите на WGN ја исклучител фреквенцијата од нивниот линк со центарот Џон Хенкок.

Второто хакирање се случило подоцна вечерта за време на емитувањето на „Доктор Ху“ на WTTW. Овој пат упадот траел околу 90 секунди, имало звук и се слушало како хакерот се жали дека „Чак Свирски е жив либерал“, и удирал со тепалка за муви.

8. Ракописот на Војнич

ms05

Ракописот на Војнич е книга за којашто никој нема поим што всушност пишува во неа. Ракописот е наречен така според Вилфрид Војнич, препродавач на книги од Полска, кој ја купил во 1912 година. Но, страниците од книгата со помош на радиојаглеродно датирање биле датирани во раниот петнаесетти век.

Криптографи, математичари, лингвисти, луѓе платени да дешифрираат кодови, не успеале да дешифрираат ниту еден, единствен збор. Се чини дека текстот е напишан на вистински јазик. Но, ако тоа е така, тоа е јазик кој никој не го разбира. Сите обиди да се дешифрира еден единствен збор пропаднале. Врз основа на илустрациите во ракописот, се чини дека се работи за медицински рецепти и биологија. Од друга страна, некои сметаат дека се работи за некаква голема измама од 15-от век и дека нарочно се напишани неповрзани глупости.

9. Хинтеркајфек

ms07

Ви се случило ли некогаш да сте сами дома, навечер во глуво доба или рано наутро и некој да ви затропа на врата? Првин се прашувате дали треба да видите кој е и што сака во тоа ниедно време, или едноставно да го игнорирате. Но, тогаш си помислувате дека тој некој можеби и бара куќа во која никој нема да одговори, за да знае дали да упадне во неа или не. И тогаш кога најпосле ќе се решите да отворите, гледате дека нема никого, па така мозокот почнува да ви работи уште побрзо.

Книгата „Ладнокрвно убиство“ на Труман Капоте детално ги објаснува околностите околу убиството на семејството Клатер во 1959 година. Херберт Клатер, фармер од Холкомб, Канзас, неговата сопруга и две од нивните четири деца, биле бездушно убиени среде ноќ во обид за грабеж од страна на Ричард „Дик“ Хикок и Пери Смит. Ужасот во „Ладнокрвно убиство“ го комбинира чувството на вознемиреност кога не знаете кој се наоѓа од другата страна на вратата со необјаснивото случајно злосторство сторено без воопшто никаква причина. И тоа што „Ладнокрво убиство“ ја прави уште повознемирувачко четиво е тоа што не се работи за никаква фикција. Сето тоа навистина се случило.

Триесет и седум години порано, сличен случај се случил и во Германија. Единствената разлика е тоа што до ден денес никој не знае зошто семејството Грубер било искасапено на нивната фарма, како ни тоа кој го сторил тоа. На 31. март, 1922 година, Андреас Грубер, неговата жена Казилија, нивната ќерка вдовица Викторија Габриел, нејзините две деца на возраст од седум и две години, и нивната слугинка Марија Баумгартнер биле убиени со мотика. Баумгартнер само што започнала со работа во семејството и постојат сомненија дека таа била убиена само неколку часа откако пристигнала на фармата. На 4. април 1922 година, соседите почнале да се прашуваат зошто веќе извесно време не виделе никој од Груберови. Кога фармата била пребарана, четири од жртвите; Андреас, неговата жена, неговата ќерка Викторија и постарата внука биле најдени во штала, ставени во куп сено. Слугинката и најмалата внука биле најдени мртви во нивните кревети.

На сцената на злосторството

Не бил воспоставен никаков можен мотив за убиствата. Но, околностите околу убиствата се почудни и од самите убиства. За Андреас Грубер се ширеле приказни дека имал инцестоидна врска со својата ќерка Викторија. А со оглед на тоа што не се знаело кој е таткото на нејзиното најмало дете, се зборувало дека тоа е плод на инцест. Додека сите останати членови на семејството биле убиени со мотика, телото на Викторија било со знаци на задавување.

Неколку дена пред злосторството, Андреас наводно им раскажал на соседите дека нашол стапки во снегот кои воделе од работ на шумата кон неговата форма, и дека слушнал звуци околу неговата куќа. Претходната слугинка ја напуштила работата и тврдела дека куќата е опседната со духови. Кој и да го извршил злосторството, се чини дека по убиствата се задржал извесно време на фармата, бидејќи кога биле најдени телата, стоката била добро нахранета.

Продолжува…

Сподели на Facebook
пати видено