1. Ако вашиот маж е неуреден и ги расфрла чорапите по целата соба, расфрлајте му го јадењето по целата кујна!
2. Ако вашиот маж после секс се врти на другата страна и почнува да ‘рчи, Вие ‘рчете за време на секс!
3. Ако на вашиот маж не му се допаѓа вашата работа, најдете работа како стриптизета. Тоа им се допаѓа на сите мажи!
4. Ако вашиот маж постојано ги забележува вашите мали недостатоци, направете се дека не го забележувате неговото „мало достоинство“.
5. Ако вашиот маж не го крева задникот од каучот, не излегувајте од тоалетот. Да видиме кој прв ќе се предаде!
6. Ако вашиот маж не сака да си ги крева садовите после јадење, хранете го со јаболка…
7. Ако вашиот маж не помага во кујната, не му помагајте во кревет.
8. Ако вашиот маж ве обвинува дека симулирате оргазам, не симулирајте. Нека се потруди.