За директните последици од легализацијата на марихуаната смешни и креативни коментари дадоа македонските твитерџии.
Смирени коментари на фејсбук. Нема колење и бесење само мир и единство.
Цитатите на Боб Марли ќе бидат слогани на партиите за време на избори.
Драстично ќе се зголеми бројот на пациенти.
Македонската химна ќе добие реге верзија.
За Денот на дрвото ќе се садат 72 саксии по глава на жител.
Народните песни ќе добијат реге верзија.
Никој веќе нема да го мрази Понеделник.
Триплирана продажбата на албуми од Боб Марли.
Конечно некој ќе се насмее на шегите од Зевзекманија.
Брендирање марихуана со географско потекло. Арачиновска марихуана како бренд.
Зголемен увоз на скутери за да се задоволи потребата од достава на пици и џанк фуд.
Ќе има недоумици дали маглата е од загадување или е дим од џоинти.
Пад на цената на акциите на фармацевтските компании кои произведуваат Лексилиум, Дијазепам и Хелекс.
Ќе се роди нова генерација на астронаути и летачи.
Поефтинување на летовите меѓу дестинацијата реалност – фикција.
Сите ќе ги сфатат Пинк Флојд.
Можна промена на името во Марихуадонија. На никој нема да му е проблем. Ок ќе е братче…
Марихуански комбинат Прилеп е водечка економска сила во регионот.
Земјоделците кои садат марихуана ќе се жалат дека на вага погрешно им го ценат.
Студентите со просек над 9.5 ќе летаат со авион бесплатно, студентите со просек под 9.5 ќе летаат со марихуана легално.
Дрвјата ќе се сечат за да може марихуана да се сади.
Вестите ќе изгледаат смешно наместо тажно.
Кога баба ви ќе оди до аптека, редовно ќе ви купува и пакетче марихуана.
Миленко и Мирка во дует ќе ја претставуваат Македонија на Евровизија .
Секој кој нема да пуши марихуана ќе работи во достава на пици.
Жена парк ќе се преименува во Марихуана парк.
Пушачите кога ќе снемаат пари за цигари, ќе одат на лекар да им препишат марихуана.
Сите што се на дијазепам ќе преминат на марихуана.
Дијалог од иднината: Болен си брат, оди пуши марихуана.
Внуците кои не ги продале нивите ќе си ги засадат марихуана и ќе бидат богати.
За да станеш дилер на докторот само треба да му кажеш дека те боли кичма.
Марихуана и Росана повторно ќе запеат.
Кили ќе се врати да живее во Македонија.