Запознајте се со Лука, алјаски маламут која многу сака да ги уништува своите играчки! Кариса Лерч од Дарам, Северна Каролина, отсекогаш сакала куче, но не можела да си го дозволи додека студирала. Наместо тоа, купила куче играчка, и кога конечно можела да си дозволи вистинско куче, играчката ја подарила на своето ново куче Лука. Оттогаш Лука не се разделува од својата играчка.
„Ѝ ја дадов плишаната играчка и оттогаш таа не се разделува од неа“, вели Лерч. „Тоа е нејзиното бебе. Ја носи насекаде со себе и не може да спие без неа.“
Лука, на возраст од осум недели, ги уништувала сите играчки, освен оваа
По една и пол година и по многу уништени играчки, Лука и понатаму е неразделна со својата играчка
Еве некои од играчките коишто минале низ шепите на Лука
Сопственичката ја купила играчката бидејќи не можела да си дозволи вистинско куче
Неколку години подоцна конечно можела да си купи куче, па така играчката ја дала на своето ново куче Лука