За нејзината серија „Микро материја“, дизајнерката и уметничка директорка Роза де Јонг од Амстердам создала кули и други видови на високи згради кои ги сместила во големи епрувети, кои можат да се споредат со бродовите во шише. Малите куќички се изработени рачно, со употреба на природни материјали, со исклучок на некои модели кај коишто бил употребен вештачки мов.