39-годишниот Дин Вормби од Рочдејл бил опседнат со зголемувањето на телесната маса, со тоа да се здобие со совршен бодибилдерски изглед. Дневно внесувал и пиел по седум до осум лименки енергетски пијалок.

бб01

Во врвот неговата моќ: Дин Вормби

бб02

Во неговите последни денови

бб03

Бодибилдерот гнетел нездрава, брза храна и пиел по осум лименки дневно со цел да ја зголеми телесната тежина. Умрел по пет и полгодишна борба со рак на црниот дроб, предизвикан од стероидите кои ги злоупотребувал со години.

Вормби, кој е татко на едно дете, исто така земал и анаболични стероиди за да ја зголеми енергијата и да ги обликува мускулите – нешто што според судскиот вештак Лиза Хашми било „директна причина“ за неговата смрт. По аутопсијата Хашми изјавила дека смртта на Вормби би требало да биде предупредување за луѓето за опасноста од употребата на стероиди. Таа рекла:

„Мислам дека кај млад човек во таква добра форма и кој се грижел за своето здравје, најверојатната причина за туморите на неговиот црн дроб е злоупотребата на анаболични стероиди. Според моето мислење, постои директна причинска врска со смртта на Дин. Смртта на таков скапоцен, млад живот во такви околности би требало да испрати многу јасна порака за сите во боди билдинг и фитнес индустријата. Употребата на анаболични стероиди, којашто очигледно е широко распространета, не е без ризик. Би ги повикала сите тие коишто употребуваат или злоупотребуваат такви дроги да ја преосмислат својата позиција и да се запрашаат дали навистина вреди со оглед на ризиците по нивниот живот.“

бб04

Кон крајот на неговиот живот, Вормби се свртел кон природната медицина, вклучувајќи духовно лечење и реики, а во еден момент земал по 200 таблети природни лекарства дневно. Неговата партнерка Шарлот Ригби вели дека кога првпат го запознала Дин пред осум години се сомневала дека тој употребува стероиди поради неговата мускулеста градба, но откога тргнале заедно, тој се обидувал да престане да ги зема. Таа изјавила:

„Сите го знаеја Дин по неговата големина. Не знаев за деталите, но знаев многу луѓе кои земаа стероиди. Тоа се правеше поради придобивките кои луѓето можеа да ги видат кај нивните тела.“

бб05

Дин и Шарлот воделе хроника за неговата борба со подмолната болест на Фејсбук страницата наречена „Патот на Дин“ (Dean’s Journey), којашто привлекла околу 10.000 следбеници. Вормби објаснил зошто започнал со неговата невообичаена исхрана кога почнал да вежба.

„Тоа беше затоа што сакав да бидам колку што е возможно поголем. Не би можел да кажам дека тоа со сигурност се должи на исхраната, но нештата како енергетските пијалоци со сигурност придонеле кон тоа. Црвените меса – сите тие нешта за коишто дознавме дека во нив имаат нечистотии. Мислам дека е комбинација на сето тоа.“

бб06

Дин Вормби дваесет години бил бодибилдер пред да се разболи. На почетокот земал стероиди во траење на околу една години за да го изгради својот изглед бидејќи „сите го правеа тоа“, како што изјавил тој. Но, набргу им го свртел грбот, како што почнал да го гради својот бизнис на личен тренер, и тогаш неговата исхрана се влошила.

„Можев да тренирам и по седум клиенти дневно еден по друг. Тогаш ми требаше енергија за да можам самиот да тренирам. Постојано бев во движење.“

бб07

Енергијата ја добивал од енергетските пијалоци кои ги пиел по седум до осум лименки дневно, додека јадел на секои два часа. И додека дел од неговата исхрана била типична за бодибилдерите – протеински шејкови, јајца и пилешко, некои други делови биле помалку вообичаени. За ужина би грабнал хамбургер, а кога ќе си тргнал дома имал обичај да земе пица, којашто ја јадел додека неговата девојка готвела вечера. На врвот на својата бодибилдерска кариера тежел 127 килограми.

бб08

Но, пред пет и пол години нештата тргнале кон лошо, и докторите му откриле тмор. Му била понудена хемотерапија и трансплантација на црниот дроб, но тој решил да ги одбие и двете понуди и да се сврти кон природните лекарства.

„Ги одбив веднаш. Главната причина поради која решив да се свртам кон природното наместо кон вештачкото беше бидејќи сакав да живеам. Не сакав да умрам.“

Но, тоа значело целосно да ја преосмисли својата исхрана, којашто била полна со „киселинска храна“ – за којашто тој верувал дека помогнала да се развие ракот. И за една година му успеало. Туморот исчезнал.

„Но бев премногу самоуверен. Набргу стариот начин на живот пак ми се вовлече“.

бб09

Во 2013 година се онесвестил пред салата кадешто работел како тренер и бил однесен во болница. Во поголемиот дел од следната година се вратил на здравиот начин на живот. Но, тогаш нештата тргнале кон лошо. Раскинал со неговата девојка, и се нашол без дом – со што му било тешко да се концентрира на оздравувањето. Во ноември се нашол во болница закачен на секоја машина којашто би можеле да си ја замислите и докторите му дале уште само три недели живот. Туморот станал преголем за да може да се оперира и докторите сметале дека не можат многу да сторат.

„Ми беше понудена хемотерапија, но докторите во основа кажаа дека нема смисол“, кажал Вормби. Тогаш неговата девојка Ригби решила уште еднаш да го подложи на режимот на здрав живот. За таа цел поставиле и Фејсбук страница со цел да приберат средства за трошоците за лекување. Бил посетен и од доктор од Лондон, во надеж дека ќе успее да му го намали туморот со помош на природна медицина. Но, неговиот тумор бил во премногу напредната фаза.

бб10 бб11

На својата Фејсбук страница, набргу по неговата смрт, г-ца Ригби напишала:

„Срцето ми е скршено, но чувствувам и олеснување бидејќи знам дека таму кадешто тој се наоѓа сега, тој е слободен, ги симнал од себе неговата болест и болките и е чист, совршен и ќе живее вечно.“

Тажно е кога ќе згасне млад живот, но ова би требало да биде предупредување за сите кои употребуваат стероиди, дека ништо не доаѓа без цена, а цената знае да биде и многу поголема отколку што си мислиме на почетокот.

Сподели на Facebook
пати видено