Соларната енергија добива сѐ поголема популарност во светот како што ефикасноста на соларните панели значително се зголеми во последните години, заедно со драматичното намалување на нивната цена.
Но, популарноста не се должи само на достапноста кај пошироката јавност, туку на растењето на свеста за придобивките кои ги носат чистите извори на енергија. Сепак, цената за преносот и производството често прават применувањето на соларната технологија да биде тешко за земјите во развој. Печатените соларни ќелии би можеле да понудат решение за овој проблем.
Благодарение на напредокот на технологијата за печатење на соларни ќелии во последните неколку години, нивната енергетска ефикасност е зголемена од три отсто на дваесет отсто.
„Нивниот успех се должи на едноставноста и ниската цена. Една соларна ќелија од 10х10cm е доволна да се произведат 10-50 вати на квадратен метар“, вели Скот Воткинс од корејската компанија Кјунг-Ин Синтетик.
Овие флексибилни ќелии, тенки како хартија, би овозможиле намалување на цените за транспорт и да ја испорачаат технологијата и до најоддалечените места во светот. Всушност, за да се изработат, потребни се само индустриски 3D печатачи и перовскит – минерал кој се состои од олово, јод и органса состојка. Во иднина, печатените соларни ќелии би можеле да обезбедат електрична енергија за 1.3 милијарда луѓе во земјите во развој.
Голема преднос на печатените печатените соларни ќелии во споредба со конвенционалните силициумски соларни панели е тоа што, покрај посложениот процес на производство и поголемиот габарит, за силициумските панели е потребно големо количество на сончева светлина за да бидат ефикасни.
Од друга страна, докажано е дека лесните печатени соларни ќелии се чувствителни на влага, која би можела да предизвика загадување на оловото, па така компанијата во моментот работи на развивањето на заштитни слоеви кои би можеле да обезбедат издржливост и интегритет на ќелиите без значително да се зголеми нивната дебелина и тежина. Иако сегашниот начин на производство овозможува печатење на соларни ќелии по минимална цена, сѐ уште има некои потешкотии го спречуваат производството на големо, за што се потребни големи инвестиции.
„Претприемачите кои ги ангажиравме не можат да си дозволат да инвестираат во машините за печатење потребни за производство на ефтини соларни ленти“, вели Берни Џонс, еден од лидерите на проектот.
И покрај сите предизвици, технологијата за печатење на соларни ќелии има потенцијал да помогне соларната енергија да се донесе во најоддалечените агли на светот и да се подобрат условите за живот на милиони луѓе во сиромашните земји.