Џон Ленон (9. октомври 1940 – 8. декември 1980) за време на својот живот инсприрал многу луѓе преку неговата музика, неговите стихови и севкупната негова личност. Следните цитати докажуваат дека таков човек може сѐ уште да инспирира и триесет и пет години по неговата смрт.

johnlenon

1. Има две основни мотивирачки сили: стравот и љубовта. Кога се плашиме, се повлекуваме од животот. Кога љубиме, се отвораме кон сѐ што нуди животот со страст, возбуда и помиреност. Мораме да научиме прво да се сакаме себеси, со сета наша возвишеност и сите несовршености. Ако не можеме да се сакаме себеси, не можеме целосно да ја отвориме нашата способност да ги сакаме другите ниту нашиот потенцијал да создаваме. Еволуцијата и сите надежи за подобар свет лежат во бестрашноста и визијата со отворено срце на луѓето кои го прегрнуваат животот.

2. Кога имав пет години, мојата мајка секогаш ми велеше дека среќата е клучна во животот. Кога појдов на училиште, ме прашаа што сакам да бидам кога ќе пораснам. Напишав „среќен“. Ми рекоа дека не сум ја разбрал задачата, а јас им кажав дека не го разбираат животот.

3. Како и обично, зад секој идиот стои прекрасна жена.

4. Сонот кој го сонувате сами е само сон. Сонот кој го сонувате заедно е реалност.

5. Верувам во Бог, но не како едно нешто, не како стариот човек на небото. Верувам дека тоа што го нарекуваме Бог е внатре во сите нас. Верувам дека тоа што го кажале Исус и Мухамед и Буда било вистина. Само што подоцна ги утнале преводите.“

6. Нема да го променам начинот на кој изгледам или како се чувствувам за да се прилагодам на било што. Јас отсекогаш сум бил изрод. Значи цел живот сум изрод и треба да живеам со тоа. Јас сум еден од оние луѓе.

7. Ако егоманијак значи да верувам во тоа што го правам и во мојата уметност и музика, тогаш во тој поглед можете да ме наречете така. Јас верувам во тоа што го правам и ќе го кажам тоа.

8. Војната е готова…ако го сакате тоа.

9. Безграничната бесмртна љубов којашто сјае околу мене како милион сонца постојано ме повикува преку универзумот.

10. Ништо не е вистинско.

11. Не се плашам од смртта бидејќи не верувам во неа. Тоа е како да излезете од една кола за да влезете во друга.

12. Колку сте пореални, толку светот станува понереален.

13. Кога ќе сторите нешто благородно и прекрасно и никој не го забележи тоа, не бидете тажни. И сонцето секое утро е прекрасен спектакл, а сепак поголемиот дел од публиката сѐ уште спие.

14. Еден дел од мене се сомнева дека сум губитник, а другиот дел од мене мисли дека сум Семоќниот Бог.

15. Создади си свој сон.

Тоа е приказната на Битлс, зар не? Тоа е приказната на Јоко, за тоа зборувам сега. Произведете си свој сон. Ако сакате да го спасите Перу, одете спасувајте го Перу. Сосема е возможно да сторите било што, а не да оставите се на лидерите и паркинг апаратите. Не очекувајте Џими Картер или Роналд Реган или Џон Ленон или Јоко Оно или Исус Христос да дојдат и да го сторат тоа место вас. Морате самите да го сторите тоа.

Тоа го велеле големите луѓе уште од почетокот на времињата. Тие можат да ви дадат насока, да остават патокази и мали упатства во разни книги коишто сега се нарекуваат свети и се обожуваат поради корицата на книгата, а не поради тоа што се вели внатре, но упатствата се таму за да ги видат сите, секогаш било така и така и ќе биде.

Нема ништо ново под сонцето. Сите патишта водат кон Рим. И луѓето не можат да ти го обезбедат тоа. Јас не можам да те разбудам. Ти можеш да се разбудиш. Јас не можам да те излечам. Ти можеш да се излечиш.

16. Музиката е работа на сите. Само издавачите мислат дека луѓе можат да ја поседуваат.

17. Не ти треба никој за да ти каже кој и што си ти. Ти си тоа што си!

18. Сѐ е појасно кога си вљубен.

19. И не заборавај да ја пуштиш во своето срце.

20. Живееме во свет во кој сите се кријат за да водат љубов, а насилтвото се врши среде бел ден.

21. Мојата улога во општеството, или улогата на било кој уметник или поет, е да се обидам да го изразам тоа што сите го чувствуваме. Не да им кажувам на луѓето како да се чувствуваат. Не како проповедник, не како водач, туку како одраз на сите нас.

22. Не е важно кого сакаш, каде сакаш, зошто сакаш, кога сакаш и како сакаш. Важно е само да сакаш.

23. Тоа што се случи во шеесеттите беше да ни ги покаже можностите и одговорноста кои ги имавме. Тоа не беше одговор. Само ни даде мал увид во можностите.

24. Љубовта е како скапоцено растение. Не можете само да го прифатите и да го оставите во саксијата или да мислите дека самото ќе си се снајде. Треба постојано да го наводнувате. Морате навистина да се грижите за него и да го негувате.

25. Да се биде чесен можеби нема да ти донесе многу пријатели, но секогаш ќе ти ги донесе вистинските.

26. На крајот сѐ ќе биде во ред. Ако не е во ред, тогаш тоа не е крајот.

27. Љубовта е како цвеќе – мора да ја оставиш да порасне.

28. Сите ние сјаеме…како месечината и ѕвездите и сонцето…сите ние сјаеме.

29. Се снаоѓам со мала помош од пријателите.

30. Љубовта е ветување, љубовта е сувенир, штом еднаш ќе ја дадеш, никогаш не се заборава. Не дозволувај да исчезне.

31. Како можам да одам напред, ако не знам во кој правец гледам?

32. Бог е концепт според кој ја мериме нашата болка.

33. Вие во ефтините седишта, сакам да ракоплескате на ова. Вие останатите можете да ѕвечкате со вашиот накит.

34. Чудно е да не бидеш чуден.

35. Кога се давите, не мислите – неверојатно би ми било мило кога некој би забележал дека се давам и да дојде да ме спаси. Едноставно врескате.

36. Ако некој мисли дека мирот и љубовта се само клише кои треба да се остават во шеесеттите, тогаш тоа е проблем. Мирот и љубовта се вечни.

37. Реалноста остава многу на фантазијата.

38. Лесно е да се живее со затворени очи.

39. Кога сите би барале мир наместо уште еден телевизор, тогаш би имало мир.

40. Не постои место кадешто би можел да бидеш за коешто не ти е судено да бидеш.

41. Едно нешто не можеш да скриеш – тоа е кога си осакатен одвнатре.

42. Колку повеќе гледам, толку помалку знам со сигурност.

43. Верувам во сѐ, се додека не се докаже спротивното. Па така јас верувам во самовили, митови, змејови. Сето тоа постои, па макар и само во твојот ум. Кој може да каже дека соништата и ноќните мори не се реални исто колку и ова сега и овде?

44. Број ја возраста според пријателите, не според годините. Број го животот со насмевките, не со солзите.

45. Можеби ќе кажеш дека сум мечтател, но не сум единствениот. Се надевам дека еден ден ќе ни се придружиш. И дека светот ќе живее како едно.

Сподели на Facebook
пати видено