Еве што ви се вика идеја! Одгледувајте си храна низ текот на целата година и топлете си ја куќата за време на зимските месеци така што ќе го сместите вашето живеалиште во стаклена градина. Токму тоа го сторило едно семејство од Шведска.

Како што известува Екосол, едно семејство од близината на Стокхолм ја реновирало својата летна викендичка и околу неа изградиле стакленик со стаклени панели дебели четири милиметри.

шв01

Иновативниот концепт за првпат бил предложен од страна на шведскиот архитект Бенг Варне во седумдесеттите години. Наречен „Натурхус“, дизајнот функционира како сончев колектор, при што за произведување на енергија, вода за чистење, воздух и производството на ѓубриво се користат природните циклични текови. Тоа совршено функционира во скандинавските климатски услови.

Сопствениците на уникатниот дом, Мари Гранмар и Чарлс Сакилото, биле инспирирани од делото на Варне и пред неколку години си изградиле свое сопствено „Натурхус“ живеалиште, кое заедно со имотот ги чинело околу 70.000 евра.

шв02 шв03

Си изградиле свој центрифугален систем за третирање на отпадната вода, кој ја одвојува урината од солидите, што потоа се прочистува од растенија и се праќа во градината. Покрај тоа, стаклената градина им овозможува продолжување на градинарската сезона, овозможувајќи им да одгледуваат и медитерански растенија како смокви. И најдобриот дел – многу им помага во намалување на трошоците за затоплување.

шв04

Како што може да се види од приложените слики, надворешниот простор околу нивната куќа може да се користи во текот на целата година, во било какви временски услови. И на крајот, покрај сите овие придобивки, стаклената обвивка исто така ја заштитува куќата од дожд, ветер и снег, што ги намалува трошоците и за нејзиното одржување.

шв05 шв06 шв07 шв08

Сподели на Facebook
пати видено