Лего коцките и така се интересни играчки за децата, но една учителка открила нова прекрасна образовна и развојна примена за овие чудесни играчки – помагало за часовите по математика. Алисија Зимерман, учителка во основно училиште во Њујорк, ги употребува лего коцките за на своите ученици да им објаснува дропки, квадрати и други математички концепти.
„За време на часот, малите тули ми станаа омилено училишно помагало кое е полно со најразновидни можности“, пишува таа во статија за Схоластик, во којашто навлегува во повеќе детали за потенцијалната полза од употребата на лего коцките.