Кинескиот производител на автомобили Great Wall во соработка со научниците од Универзитетот Нанкај создадоа уред кој го ставате на главата, ви ги чита мислите и така го управувате автомобилот. Специјалниот уред има 16 сензори со кои ги чита сигналите од мозокот, после што специјална програма ги претвора во команди. До сега успеале да ги испрограмираат кочењето и возењето напред, назад, како и заклучувањето на вратите. Според научниците најголемата опасност и предизвик им е тоа што додека возиме често мислите знаат да ни залутаат на сосема друга страна.