Научници од Единбург развиле нов тип на камера којашто со помош на ласери може да гледа зад аглите. Уредот, кој работи на принцип сличен на звучното ехо, може да определи дали некој или нешто се наоѓа зад аголот со распространување на пулсирачки ласерски зраци и потоа ги детектира одбивањата со 20 милијарди кадри во секунда.
„Ласерот праќа кратки пулсови на светлина коишто траат една стотинка од трилионити дел од секундата на подот пред аголот на ѕидот“, вели Геновева Гариепи, студентка на универзитетот Хериот-Ват. „Светлото потоа се одбива од објектот, како ехо, и се враќа назад во камерата.“
Штом ќе се усоврши, оваа технологија ќе биде особено полезна за возачите, овозможувајќи да го набљудуваат сообраќајот кога свртуваат во слеп свиок. Ќе може да се употребува и за време на спасувачки операции, овозможувајќи им на спасувачките тимови да определат дали е безбедно да се влезе во некоја соба или зграда.
„Можноста да се детектираат 3D облици на статични, скриени објекти била демонстрирана и порано, но долгото време потребно за да се процесираат информациите правеше набљудувањето на објекти да биде голем предизвик“, изјави проф. Даниела Фачио. „Сега можеме да следиме скриени објекти во живо и сѐ уште правиме откритија за тоа како светлоста ги идентификува објектите и може да ги прикаже во најситни детали.“