Индиец, кој се родил со четири нозе, е нарекуван ѓавол од неговите соселани, што го натерало да живее повлечен и осамен живот. Дваесетгодишниот Арун Рајпут од далечното село Фарукхабад во Утар Прадеш, северна Индија сега се надева дека е можна операција која би му овозможила да живее нормален живот.

„Луѓето ми се смеат. Велат дека сум ѓаво“ – раскажува тој. „Никој не ме почитува овде, бидејќи изгледам различно. Но јас сакам да сум како нив. Сакам да можам да работам како и другите мажи.“

rj01

Рајпут, кој е најстариот син, е нестрплив за да направи операција за да може да добие добро образование и да си го исполни сонот да стане учител. Вишокот негови екстремитети, за кои се верува дека се од недоразвиен паразитски близнак, прави да не може да седи како што треба, а и чекорењето почнува да му станува сѐ понепријатно и мора да носи специјално изработени панталони.

Многу локални жители велат дека неговото семејство е проколнато и затоа се родил со таков невообичаен дефект. Но, Рајпут вели дека не сака да биде третиран поинаку од другите.

rj02

„Сакам да правам нормални нешта и кон мене да се однесуваат како кон нормална личност“, вели тоој. „ Сакам да се грижам за моите родители. Сакам да студирам и да станам учител.“

Неговата мајка, четириесет и петгодишната Лила Деви, вели дека кога Рајпут се родил, не можела да си поверува на сопствените очи.

„Тој се роди дванаесет години откако се омажив. Кога се роди, беше многу слаб. Го носевме на многу доктори, но ниеден не можеше да гарантира за него. Луѓето го нарекуваат со погрдни имиња. А најмногу ме боли кога го викаат ѓавол. Тој е толку нежно дете.“

rj03

Сиромашните родители на Рајпут, коишто работат како надничари на фарми, го носеле кај разни доктори, но се вратиле дома кога им кажале дека операцијата ќе ги чини „вселенска сума“.

„Тој е многу вреден и сака да живее живот достоен за почит. Се надевам дека ќе успее да се ослободи од вишокот екстремитети и да стане како нас.“

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено