Шифтвер се стреми кон тоа порано да ви ја донесе иднината со нивните патики опремени со HD електронско мастило. На страните на овие патики ќе можете да менувате бои и анимации, сето тоа со помош на апликација на вашиот мобилен телефон или компјутер.
Шифтвер е компанија во развој од Њујорк, и за започнувањето на својот бизнис од иновативната идеја досега собрале 128.560 долари, надминувајќи ја првичната зацртана цел од 25.000 долари.
Но, сѐ уште не ги надминале сите пречки. За да почнат да се произведуваат овие патики прикажани во промотивните видеа, ќе бидат потребни два милиони долари, а планираните 25.000 долари се само за да се финансира нивниот прототип. Ако успеат во тоа, од Шифтвер ветуваат дека на нивните патики нема да им биде потребен дополнителен извор на енергија како батерии, ќе бидат 100% отпорни на вода, ќе имаат ѓон од кевлар и ќе се произведуваат во три различни дизајни. Доколку сѐ оди според планот, на пазарот ќе се појават во средината на 2016 година.