Поранешниот полицаец Алан Годфри наводно имал блиска средба со НЛО додека патролирал во ноември, 1980 година. Инцидентот се случил на патот Барнли во градот Тодморден, кадешто Годфри истражувал за јавувањата на исчезнување на животни во раните утрински часови. Токму кога сакал да се откаже за таа ноќ, здогледал како кон него се приближува нешто за што тој првично помислил дека е автобус. Но, кога возилото се приближило, тој видел дека тоа е нешто многу понеобично, и потоа го опишувал истото како „голем неред“.

„Тоа беше нејасна овална појава која ротираше со толку голема брзина и се надвисна толку ниско над патот што предизвика да се затресат грмушките крај патот“, вели тој.

g01

Следното на што се сеќава е како вози по патот, но мистериозниот објект исчезнал без траг. Збунет, тој се вратил на местото кадешто го видел чудниот феномен и видел дека земјата на тоа место била исушена во образец на спирала. Исто така видел и дека неговите чизми биле изгребани како да бил влечен по земја, а кога се вратил во станицата увидел дека изгубил околу петнаесет минути, т.е. не можел да се сети што правел во тоа време.

Подоцна дознал дека полицијајци во Халифакс исто така забележале „брилијантен сино-бел сјај“ во небото, истата ноќ кога „брилијантно бел објект“ бил забележан од страна на возач на камион, на оддалеченост од пет километри од местото кадешто тој ја забележал невообичаената појава.

g02

Откако се подложил на хипнотичка регресија во обид да открие што се случило во петнаесеттината минути на коишто не може да се сети, Годфри се присетил дека бил преместен во чудна просторија кадешто се сретнал со брадест човек по име Јосиф, кој заедно со два роботи го испрашувал по пат на телепатска комуникација. Неговата приказна се нашла на насловните страници и станала еден од најпознатите случаи на грабнување од НЛО во Велика Британија. Дали сега пензионираниот полицаец има ментални проблеми, се обидува да заработи пари со помош на сензационализама, или има вистина во тоа што го зборува? Останува времето да покаже.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено