Четириесет и петгодишната Кетрин Ф. Лемански од Северна Каролина, САД, го признала инцидентот со нејзиниот лабрадор. Лемански,која на Фејсбук е зачленета под профилот Кети Браун е обвинета за непотребна суровост кон животно.

Американската полиција ја лоцирала и уапсила Кетрин, откако таа постирала слика на Фејсбук на која се гледа муцката на кутрото животно врзана со селотејп.

kc01

Сепак, и покрај тоа што тоа било ужасна постапка од страна на Лемански, властите не ѝ го одзеле кучето, бидејќи по прегледот било утврдено дека кучето е во одлична општа состојба и дека таа добро се грижела за него. Жената ја постирала сликата на Фејсбук, на којашто ставила наслов: „Еве што се случува кога не сакате да замолчите.“ И покрај силните критики од други членови на Фејсбук, таа ја задржала сликата и во следниот пост напишала: „Не паничете сите, тоа беше само за една минута, но оттогаш не залаја…Си ја научи лекцијата!“

kc03

Доколку биде осудена, ѝ претстојат до 150 дена затвор.

 kc02  kc04 kc05

Сподели на Facebook
пати видено