ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Содржини кои можат да ве вознемират

Кученцето коешто било попарено а потоа фрлено од четвртиот кат е излекувано, при што „чудесно“ се опоравило. Териерот Тафи бил сметан за мртов откако злобно бил нападнат затоа што го изгризал мобилниот телефон на својот сопственик од југозападната кинеска провинција Ченгду.

tf01

Кутрето, старо шест недели, било забележано на чекор од смртта од страна на случаен минувач, триесетгодишна жена, којашто итно го однела на ветеринар и платила за неговото лекување, известуваат од Animals Asia.

tf02

Ветеринарката Емили Дрејтон од организацијата за заштита на животни „Animals Asia“ вели дека и се слошило кога го видела кучето.

„Бев шокирана и потресена до коски. Не можев да ги запрам солзите, немаше смисла да го правам тоа. Никогаш не сум видела животно да претрпи таква болка“, вели таа, пофалувајќи ја триесетгодишната Јан Јингјинг, која го однела кучето на ветеринар веднаш штом го забележала како лежи попарено пред зградата.

Глетката сигурно била толку ужасна – што сум сигурна дека многу луѓе би поминале крај него и би се преправале дека не го гледаат…Но, таа го однела Тафи во локалната ветеринарна станица и платила за ветеринарската нега.“

tf03

Тафи претрпел толку лоши изгореници, што морал да спие со отворени очи бидејќи очните капаци му биле премногу затегнати за да се затворат, при што плускавците покривале шеесет проценти од неговото тело. Кучето било целото преврзано и морале со месеци да се грижат за него дваесет и четири часа дневно, со инекции и лекови против болка.

tf04 tf05

Сега Тафи живее со г-ца Јан, којашто го спасила и платила за неговото лекување. Џил Робинсон, основачот на организацијата Animal Asia вели дека Тафи е најиздржливото животно коешто го сретнала.

„Имам прочитано дека луѓето коишто ќе скокнат од третиот кат имаат мали шанси да преживеат. Вистинско чудо е што Тафи успеал да преживее. Тафи има страст за животот поголема од било кое животно или човек кој сум го сретнала.“

tf06 tf07

Сподели на Facebook
пати видено