Јапонските железнички компании неодамна изнашле прекрасен начин да помогнат желките да бидат безбедни при нивното менување преку пругите – тунел за желки кој минува под железничките пруги.
Кога минуваат преку пругите, желките можат да бидат згмечени од возовите или да се заглават при менувањето на правците на пругите, што предизвикува доцнење на возовите. Овие тунели ги решаваат проблемите и за луѓето и за желките. Тие се поставуваат во соработка помеѓу водениот парк Сума во Кобе и Западно-јапонската железничка компанија.