Куче херој останало без нога откако се обидело да ги спаси своите сопственици во поодмината возраст од вооружени крадци во Јужна Африка, и примило куршум во ногата.

Мери некогаш била улично куче, но била посвоена од постара двојка и одведена во нивниот дом во Кејптаун. И кога вооружените натрапници упаднале во нивниот дом, таа се обидела да им се оддолжи на нејзините сопственици заштитувајќи ги од огненото оружје.

kc01

Била погодена во нејзината десна предна нога, по што почнала да лае и завива, за да го открие човекот кој се дал во бегство. За жал, сопствениците не го преживеале нападот, но барем нивните деца успеале да избегаат.

Белинда Абрахам од Кејп оф Гуд Хоуп, организација за спречување на насилство за животните изјавила: „Таа не е куче за кое најдобро се грижеле во нејзиниот живот, а сепак покажала апсолутна лојалност. Роднините на починатите сопственици замолиле да се спаси животот на Мери, бидејќи и таа спасила други животи.“

kc02

Откако ѝ го спасиле животот, ветеринарите се обиделе да ѝ ја спасат оштетената нога, но морале да ѝ ја ампутираат. Потоа Мери поминала десет дена на интензивна нога, кадешто врз персоналот оставила силен впечаток со својата симпатична, нежна природа, храброста и огромниот дух. Сега за неа се грижат децата на сопствениците коишто ги спасила за време на нападот.

Сподели на Facebook
пати видено