Нови откритија под Берлин ја поддржуваат теоријата дека Хитлер успеал да избега од својот бункер при крајот на Втората светска војна.

Според официјалните извештаи, нацистичкиот лидер Адолф Хитлер и неговата жена Ева Браун двајцата извршиле самоубиство во неговиот бункер за да не бидат заробени од советските сили кои го освоиле главниот град. Дали ова навистина се случило, секогаш предизвикувало определена контроверза, во најмала рака со оглед на тоа што нивните тела биле изгорени, а сведоштвата на очевидците на нивната смрт се сомнителни.

ht

Новите докази фрлаат дополнителен сомнеж врз идејата дека Хитлер умрел тој ден, и наместо тоа сугерираат дека успеал да избега од Германија и остатокот од својот живот го поминал во Јужна Америка. Од посебно значење е откривањето на лажен ѕид во метро станица во Берлин, кој би можел да биде дел мрежа тунели преку кои Хитлер успеал да избега од градот по воениот пораз. Во тајни белешки на ФБИ, Едгар Хувер дури изјавил дека „претставниците на американската армија во Германија не го лоцирале телото на Хитлер и нема доверлив извор кој би докажал дека Хитлер е мртов.“

Новата документарна серија во осум дела на Хистори Ченел, наречена „Ловејќи го Хитлер“, открива повеќе детали за овие алтернативни толкувања на настаните. Ако Хитлер навистина успеал да избега од Берлин, тоа би значело дека не само што извел едно од најспектакуларните бегства во историјата, туку дека успеал совршено да ја лажира својата смрт и да го излаже целиот свет.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено