Пушењето на силен канабис може да предизвика значително оштетување на мозокот, се докажало во едно истражување, во текот на коешто истражувачите откриле дека луѓето коишто редовно пушат сканк марихуана покажувале знаци на поголемо оштетување на најголемиот проводник во белата материја.

Овој дел од мозокот – corpus callosum – ги спроведува сигналите помеѓу левата и десната страна на мозокот. Оштетувањето на истиот може да доведе до ментални болести и симптоми на психоза како халуцинации, а во најмала рака забавување на мозочната активност. Истражувачите велат дека овие откритија укажуваат на „итна потреба за едуцирање на јавноста, медицинскиот персонал и законодавците за ризиците кои ги носи сканкот – најпопуларниот вид на канабис во Британија и пошироко.“

tr01

Сканкот во себе содржи високо ниво на состојката Delta-9 tetrahydrocannabinol (THC) – што е клучниот фактор во овој наркотик кој влијае на расположението и свеста. Денес нивото на оваа состојка во сканкот е за 20 отсто повисока отколку пред дваесет години, бидејќи одгледувачите на канабис успеале да одгледаат посилна сорта.

Д-р Паола Дазан од институтот за психијатрија при Кралскиот колеџ во Лондон изјави: „Откривме дека честата употреба на високо потенцијален канабис значително влијае врз структурата на влакната на белата мозочна материја, без разлика дали доживувате психоза или не. Колку повеќе пушите канабис, толку поголеми се штетните ефекти и толку поголемо ќе биде оштетувањето.“

tr02

Ова се должи на побавното пренесување на информации помеѓу двете хемисфери на мозокот, тврди докторката. Истражувачите проучиле 56 пациенти коишто имале инцидент на психоза и 43 здрави доброволци. Здравите субјекти биле на просечна возраст од 27 години, а психотичните пациенти биле на просечна возраст од 29 години. Половината од здравите волонтери секој ден пушеле канабис во споредба со 70 отсто од психотичните пациенти. Научниците спровеле скенирање на нивните мозоци со магнетна резонанца за да го проценат нивото на оштетувањето во мозокот. Д-р Тиаго Реис Маркез, еден од истражувачите во Кралскиот колеџ вели: „Оштетувањето на белата материја беше значително поголема кај честите корисници на високо-потенцијален канабис отколку кај тие кои повремено пушеле или пушеле лесна марихуана.“ Авторите додаваат: „Високо-потенцијалниот канабис го заменува традиционалните растителни подготовки на канабисот во многу европски земји. Поради ова, зголемената свесност за ризиците од злоупотребата на високо-потенцијалниот канабис е од пресудно знаење“.

 

Сподели на Facebook
пати видено