Доцна вечер. Пијан човек се приближува кон човек кој седи на автобуска постојка на Партизанска. Го прашува:
– Извиниии, можам ли да те прашам нешто?
– Може.
– Автобусот број 2 помина ли?
– Помина.
– А автобусот број 4 помина ли?
– Помина.
– А 12-ка помина ли?
– Помина, помина и тој.
– А 22-ка помина ли?
– ПОМИНА!
– А 24-ка?
– ПОМИНА БЕ, ПОМИНА. Помина и 15-ка и 19-ка и 21 и 59-ка. Сите поминаа!
– Сите поминаа така ли?
– Да!
Пијаниот погледнува кон темнината и извикува:
– Киреее, ајде поминувај!