Дали е можно да се примаат пораки од иднината? Професорот по физика на универзитетот на Конектитат, Роналд Малет, со буџет од 250.000 долари конструира временска машина која ќе може да прима пораки од иднината.
Кога станува збор за конструирањето на временска машина, концептот за патување низ времето се покажа како цврст орев. Иако овој концепт со години често бил прикажуван во научно-фантастичните филмови и телевизиски серии како „Враќање во иднината“, „Д-р Ху“ и „Ѕвездени патеки“, повеќето научници се согласуваат дека патувањето назад во времето и интеракцијата со настаните од минатото е невозможно во својата основа.
Но што ако наместо лично да патувате назад во времето, едноставно би можеле да пратите порака?
Тоа е основата на новата машина која ја развива Роналд Малет, професор по физика во универзитетот на Конектитат. Инспириран од читањето на класичното дело на Х.Џ. Велс, „Временска машина“, Малет се надева дека ќе успее да направи уред кој ќе може да прима пораки пратени од иднината.
Изумот, чијашто изработка би чинела околу 250.000 долари, би можел да овозможи отворање на инвормативните брани и навлегувањето на огромни мрежи на податоци праќани од иднината, коишто луѓето од сегашноста би можеле да ги читаат и да влечат придобивки од нив.
„Со користењето на ласерски зрак кој кружи, успеав математички да докажам дека е можно да се наруши просторот и времето“, вели тој.
Дали овој уред навистина ќе профункционира, останува да се види.