Единствената причина за постоењето на урбаните легенди е да нѐ исплашат. Некои од нив се смешно нереални, или пак имаат сосема логично објаснение. Но, има некои урбани легенди кои не можат да се објаснат со логиката и здравиот разум, а сепак се премногу вистински. Еве неколку такви легенди кои се премногу вистински за да ги исмевате.

1. Смртоносниот зрак на Никола Тесла

le3

Никола Тесла бил еден од најголемите пронаоѓачи на минатиот век. Станал познат со неговите јавни препирки со Томас Едисон во првите години на дваесеттиот век. Едно од неговите истражувања кое се заборавило со текот на годините е за оружјата на принцип на насочена енергија. Се зборува дека Тесла направил функционално оружје наречено „смртоносен зрак“ и дека тоа е причината за мистериозниот настан во Тунгуска во Сибир во 1908 година.

2. Невестата леш

le2

Во една продавница за невестински фустани во Мексико има вознемирувачки реалистичен манекен. Куклата е наречена „Ла Паскалита“ и последните 75 години се шпекулира дека тоа презервирано тело на ќерката на поранешниот сопственик. Според легендата, таа починала од убод на смртоносен пајак, само неколку часа пред нејзината свадба.

Бидејќи луѓето од персоналот се единствените кои можат од близу да ѝ пријдат на куклата, никој со сигорност не може да утврди за што се работи. Но тоа не ја спречило појавата на мал култ посветен на несреќната невеста.

3. Инцидентот кај преминот Дјатлов

le1

Во 1595 година група советски планинари се пробивале низ Уралските планини за време на особено студениот февруари. Сите деветмина од турата за време на патувањето умреле на мистериозен начин. Истрагата покажала дека планинарите ги расекле нивните шатори одвнатре и со голи нозе зачекориле во снегот веднаш пред да умрат. Интересното е тоа што кај ниедно од телата не се забележани знаци на борба. До ден денешен не се знае што е тоа што ги натерало да излезат на снегот.

4. Лилијан Греј

le4

Оваа морничава урбана легенда се преде околку една надгробна плоча во Солт Лејк Сити, САД. На прв поглед на плочата нема ништо невообичаено, но откако ќе погледате поубаво, на неа стои еден натпис кој ќе ви предизвика морници „Жртва на ѕверот 666“. Кружат бројни гласини кои се обидуваат да го објаснат тој натпис, но вистината е уште почидна. Сопругот на Лилијан е тој кој наложил да се стави натписот на надгробната плоча на неговата покојна жена. Според некои луѓе кои го знаеле, тој бил параноичен и жесток противник на владата.

5. Премин кон пеколот

le5

Не е сосема сигурно зошто некој би барал премин кон пеколот во просторија зад друмска кафеана во Кентаки, САД, но според оваа урбана легенда се наоѓа токму таму.

„Музичкиот свет на Боби Маки“ се наоѓа во Вајлдер, Кентаки. Откако на овој имот се случиле некои од најбруталните убиства, почнале да се шират гласини дека тука некаде се крие премин кој води до пеколот. Сопствениците на барот не седеле со скрстени раце и оваа урбана легенда ја искористиле за да направат добар маркетинг.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено