Наводно се појавило ново компромитирачко видео на кое Чарли Шин се дрогирал и изведувал орален секс со маж во истата година во која му бил дијагностициран ХИВ. 50-годишниот актер неодамна ги наполни насловните страници кога на шоуто Тудеј призна дека изминатите четири години се бори со смртоносниот вирус. Иако Шин изјави дека било „невозможно“ тој да прошири вирусот врз други, повеќе негови сексуални партнери изјавиле дека имале незаштитен сексуален однос со филмската ѕвезда и дека тој не им кажал дека има сексуално пренослива болест.
Според шокантната сторија, минатата седмица било набавено видео од страна на Радар Онлајн, на коешто наводно се гледа како Шин пуши крек и има сексуален однос со друг маж во хотелска соба во Лас Вегас. РАдар не го објави видеото. Изворите му кажале на сајтот дека видеото било снимено во 2011 година – истата година во која на актерот му бил дијагностициран вирусот. Но нејасно е дали Шин го имал вирусот пред или по снимениот сексуален однос. Според веб страницата, видеото трае 30-тина секунди, а човекот на него потегнал тужба против актерот бидејќи според него, по тој сексуален однос се заразил со херпес.
Шин наводно платил милиони долари за случајот да се реши надвор од судот и да ги добие оригиналните снимки, но сепак една копија завршила во рацете на популарната веб страница за озборувања и скандали. Шин во минатото бил женет три пати и е татко на пет деца.