Што ќе им оставиме на нашите наследници по нашата смрт? Тоа е едно од најзначајните прашања кое си го поставува секој човек. Некои луѓе на своите наследници им ја оставаат својата заштеда, други оставаат предмети со некаква вредност и важност за нивното семејство кои се пренесуваат од колено на колено. Некои не оставаат ништо, освен сеќавањата кои живеат во мислите на нивните сакани. Мичел Вајзенхант, кој починал борејќи се со генетско нарушување наречено Марфанов синдром, на својата сопруга и на ќерката им оставил нешто посебно.
Мичел Вајзенхант им оставил збирка од преку триесет писма, напишани на неговата сопруга, на неговата ќерка и други блиски до него.
Во писмата им пишува за настани во животот кои нема да може да ги доживее со нив.
На ќерката ѝ напишал роденденски честитки сѐ до нејзиниот осумнаесетти роденден.
Напишал писма до неговата сопруга со честитки за нивната годишница од бракот.
Љубезната и внимателна личност на Мичел ќе биде запомнета од многумина. Неговото семејство во моментот собира пари за да ги платат последните трошоци и ги продаваат нараквиците на сликата подолу, прифаќајќи донации на нивната страница на GoFundMe.
Писмата кои ги оставил Мичел се прекрасен потсетник за неговата љубов кон сопругата и ќеркичката.